Сите права се задржани ЈОУ Градска библиотека "Борка Талески" Прилеп
Виртуелна библиотека на Македонија
Градска библиотека "Браќа Миладиновци" - Скопје
30.04.2010
Промоција на биобиблиографијата за Борко Лазески
Во присуство на градоначалникот Марјан Ристески во Градската библиотека ,, Борка Талески,, беше промовирана биобиблиографијата за големиот прилепски и македонски уметник Борко Лазески. Публикацијата е дел од проектот на Министерството за култура, а по повод 90 годишнината од неговото раѓање.
Автор на бибиблиографијата е д-р Наде Караџоска, која вели дека во делото е претставено обемното творештво на уметникот Лазески.
Биобиблиографијата има биографски и библиографски дел. Преведена е на англиски јазик. Содржи и постхумен дел во кој се опфатени сеќавањата на ументикот за Прилеп. Освен тоа има и статии од прилози од периодни и сериски публикации во кои е пишувано за Лазески, репродукции, каталози и фотографии.
Прилогот и фотографиите се превземени од официјалната веб страна на општина Прилеп
Од година во година, бројот на учесниците и содржината на манифестацијата
„Поетско Маркукуле“, се повеќе се зголемува.
25 млади и 30 возрасни поети, и тоa:
Покрај учеството на музичарите од КМД „Пелла“од Љубљана, Словенија како и учеството
на некои музичари и оперски соло пеачи, од оваа година Манифестацијата се збогати и со учество
на група ликовни уметници од ДЛУП „Прилеп“ од Прилеп, и тоа: Дарко Талески, Софија Грабулоска,
Борис Јованоски, Александра Богоеска, Маја Најдоска, Кристина Малинческа, Ристо Тошески
Бојана Артиноска Трпческа, Емилија Горѓиоска, Даниела Настоска, Бети Макеска и Емил Димоски.
На 23.септември во просториите на библиотеката, промовирана беше книгата
"Ѕвекот на ѕевгарите" од Никола Јованоски.
Во музичкиот дел на Манифестацијата учествуваа:
1. КМД „Пелла“ од Љубљана, Словенија
2. Љупчо Трајаноски на виолина
3. Илија Белистојаноски - оперски пеач
4. Симеон Иванов-Канго - рок пеач и
5. Љубен Димкароски со изведбите на првата копија на неандерталскиот инструмент изработен од коска, од нога на пештерска мечка, од пред 60.000 години
14.1О.2О10
ДРУШТВОТО ЗА НАУКА И УМЕТНОСТ ОД ПРИЛЕП, ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА НА
ОПШТИНА ПРИЛЕП И ЈОУ ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА „БОРКА ТАЛЕСКИ“ - ПРИЛЕП,
ОРГАНИЗИРАА ДЕН ПОСВЕТЕН НА ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА АКАДЕМИК, ПРОФЕСОР,
Д-Р ЉУБЕН ЛАПЕ, ПО ПОВОД 100 ГОДИШНИНАТА ОД НЕГОВОТО РАЃАЊЕ
И 25 ГОДИШНИНАТА ОД НЕГОВАТА СМРТ.
15.1О.2О10
ВО ГОЛЕМАТА ЧИТАЛНА НА БИБЛИОТЕКАТА БЕШЕ ПРОМОВИРАНА КНИГАТА
ОД ПОЗНАТИОТ КАРИКАТУРИСТ ЖИВКО КОЗАР „50 ГОДИНИ ПОЛИТИЧКА КАРИКАТУРА“
И БЕШЕ ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБА НА НЕГОВИ КАРИКАТУРИ.
ПРОМОТОРИ:
ТАЧКО ЛОКВЕНЕЦ - новинар
ДРАГИ БАШЕСКИ - новинар.
ДЕНОВИ НА БИБЛИОТЕКАТА
Свечено одбележување на 65 - годишнината
од основањето на библиотеката и одбележување
на октомври - месецот на книгата.
Главната прослава се одржа на 20, 21 и 22 октомври.
Градоначалникот Марјан Ристески
по повод јубилејот, на библиотеката í подари
пригодно признание.
20.10.2010
- На гостите им се обрати Директорот на библиотеката, г- дин Петар Петрески
- На гостите им се обрати Директорот на Националната и универзитетска библиотека
"Св. Климент Охридски" - Скопје, г-дин Миле Бошески
- Промовирана беше публикацијата "ВОДИЧ низ јавната општинска установа
Градска библиотека "Борка Талески" - Прилеп" од д-р Наде Караџоска
21.10.2010
- "65/15" - отворена е ИЗЛОЖБА на 15 прилепски уметници и промоција на каталог
22.10.2010
- Промовирана беше книгата "ПРИЛЕПЧАНИ XIX век" од Славчо Ковилоски
фотографијата е преземена од
http://www.zenitprilep.com.mk