Прв пишан документ од кој се дознава дека е
формирана библиотеката е едно писмо на
управата на библиотеката, потпишано од
управителот Димче Најчески, упатено до
Околискиот просветен одбор.
Во писмото, меѓу другото, пишува :
"...Другари, после ослободувањето на нашиот
град, беше отворено Градско народно
читалиште. По иницијатива на неколку другари.
Се собра извесен број на книги, и истото почна
редовно да работи."
Подолу во истото писмо пишува :
"...Управата на Градската библиотека
и читалиште "Борка Талески" наскоро
ќе преземе една акција за собирање
на доброволен прилог како и книги... "
Бидејќи писмото е датирано од 22 октомври 1945 год. овој ден се смета како ден на основањето на
Градската библиотека " Борка Талески "
Во прво време библиотеката била сместена
во просторија од некој објект зад народниот магацин
(старата стоковна куќа) " НА - МА " и располагала
со околу 1000 книги и неколку весници.
Подоцна е преместена во поранешната
кафеана на Солета, а некаде во мај 1946 год.
библиотеката е преместена наспроти градското
пазариште.
Еден од основачите и прв управител на
библиотеката по ослободувањето е
Д-р Димче Најчески.