26.03.2010

  Во просториите на библиотеката, здружението "Изгрев" го прикажа филмот " Мост ". 
Филмот во 2003 година е победник на неколку филмски фестивали.

 03.12.2009

    Во просториите на библиотеката презентиран беше научниот труд на Маргарита Китан Ивановска 
со наслов " Букварот "
    Во ова дело авторката низ конкретни примери докажува дека од овој наш македонски простор 
потекнува целокупната светска писменост и култура. Следејќи ги лингвистичките правила и принципи, 
авторката успеала да дешифрира многу засега непознати текстови.  
Промотор беше самата авторка на делото, која кај посетителите предизвика 
големо внимание и интерес за нејзините откритија опишани во " Букварот "

 31.10.   и   1.11.2009год. 

    По повод " Месецот на книгата " во просториите на библиотеката се одржаа натпревари за избор 
на најдобар рецитатор и за избор на најдобра лична творба.
Рецитаторите, поетите и писателите се натпреваруваа во неколку категории и пред публиката 
се представија со по една рецитација и со своите дела. 
На најдобрите  им беа доделени пригодни награди. 

НАГРАДЕНИ РЕЦИТАТОРИ БЕА :

            ПРВА КАТЕГОРИЈА ( ученици од прво до четврто одделение )
Прва награда   -   Нешкоски Бобан,  ОУ " Климент Охридски " - Прилеп
Втора награда -   Димитриоска Марија,  ОУ "  Добре Јованоски "  - Прилеп
Трета Награда -   Петреска Ана, ОУ " Климент Охридски "  - Прилеп

            ВТОРА КАТЕГОРИЈА ( ученици од петто до осмо одделение )
Прва награда   -   Трајкоска Милена, ОУ " Блаже Конески "  - Прилеп
Втора награда -   Папучкоска Тамара, ОУ " Манчу Матак "  - Кривогаштани
Трета награда -   Димкоски Филип, ОУ  " Блаже Конески" - Прилеп

            ТРЕТА КАТЕГОРИЈА  ( ученици во средните училишта )
Прва награда   -   Волчески Илија,  СОУ Гимназија " Мирче Aцев "   - Прилеп 
Втора награда -   Петреска Ивана,   СОУ Гимназија " Мирче Aцев "  - Прилеп 
Трета награда -   Алексоски Бобан,  СОУ Гимназија " Мирче Aцев "  - Прилеп


НАГРАДЕНИ ЗА ЛИЧНИ ТВОРБИ БЕА :
    
 
            ПРВА КАТЕГОРИЈА ( ученици од прво до четврто одделение )
   
    (за песна)

Прва награда   -  Косара Блажеска,   ОУ “Кире Гаврилоски” за песната  “Клучот на срцето”  
Втора награда -  Наум Миленкоски,   ОУ “Добре Јованоски” за песната  “За другарството”
Трета награда -  Ивана Јанеска,   ОУ “Добре Јованоски” за песната  “За другарството”

     (за расказ)

Прва награда  -  Кристијан Велески,  ОУ “Добре Јованоски” за расказот “Другарство”
Втора награда -  Марија Ристеска,   ОУ “Кл. Охридски” за расказот “Празникот 11 Октомври”

           ВТОРА КАТЕГОРИЈА ( ученици од петто до осмо одделение )
      
    (за песна)
Прва награда не е доделена 
Втора награда -  Теодора Тасеска,  ОУ “Климент Охридски” за песната  “Пелистерски Очи”
                         -  Кристијан Гаврилоски,  ОУ “Кире Гаврилоски”  за песната “Живот”
Трета награда -  Маја Парапанска,   ОУ “Климент Охридски” за песната “Поток”
                         -  Јовица Маркоски,   ОУ “Блаже Конески” за песната “Милостина”

     (за расказ)
Прва награда  -  Михаил Тутунџиоски,   ОУ “Добре Јованоски” за расказот “Кога би можел”
Втора награда -  Антониела Мирческa,   ОУ “Добре Јованоски”  за расказот “Трнлив живот”
                         -  Ивона Петреска,   ОУ “Климент Охридски” за расказот  “Во канџите на алкохолот”
Трета награда -  Симона Мрсеска,  ОУ “Рампо Левката” за расказот “Што зборува Книгата”
                            Галена Дулеска,   ОУ “Кире Гаврилоски” за расказот “Животот е суров”

           ТРЕТА КАТЕГОРИЈА  ( ученици во средните училишта )

    (за песна)
Прва награда  -  Симона Премческа,  СОУ Гимназија " Мирче Aцев " за песната “Низ моите очи”
Втора награда -  Ангелина Тасеска,   СОУ  “Ѓорче Петров”  за песната “Осуда”
Трета награда -  Ивана Петреска, СОУ Гимназија " Мирче Aцев " за песната “Запомни да не ме заборавиш”

     (за расказ)
Прва награда  -  Ирена Мирческа,  СОУ Гимназија " Мирче Aцев "за расказот “Без наслов” 
Втора награда - Ивона Димоска,   СОУ Гимназија " Мирче Aцев "за расказот “Приказната за старецот ”
 

20.10. 2009

  Промоција на книгата " Прилепскиот ликовен феномен" во која се опфатени 157 прилепски 

ликовни творци со своите дела, во издание на ЈОУ Градска библиотека " Борка Талески " - Прилеп.

    Книга која треба секој  да ја прочита и да им се изнагледа на прекрасните уметнички дела 

излезени од рацете на прилепските автори.


 18.09. 2009 год. 

 Во просториите на градската библиотека беа промовирани книгите   

" Македонски народни умотворби и анегдоти од Пелагонија и Мариово"   и  

" Македонски еротски народни приказни, песни, вицеви и поговорки од Пелагонија и Мариово"  

од Томе Велјаноски.

Промотор  д-р Владимир Караџоски.

 Организатори : Издавачка куќа " Ризница "  и ЈОУ Градска библиотека " Борка Талески " - Прилеп

 
26.08.2009 год.

Одржано беше предавање со видео презентација на тема " Светецот - културен објект 

од бронзено време - Маркови кули"

Организатори беа КИДЦМ  " Калеш Анѓа "  и ЈОУ Градска библиотека " Борка Талески "  - Прилеп.

 Предавањето беше поддржано од Локална самоуправа - Прилеп.

предавач : Тренчо Димитриоски


07.08.2009 год. 

Беше одржана културната манифестација " Поетско Маркукуле  - Кај Слонот на тронот " 

во организација на Локална самоуправа - Прилеп,ЈОУ Градска библиотека "Борка Талески "- Прилеп 

и  КМД " Пела " од Љубљана - Словенија.