КОВИД 19 – Билтен

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 28.10 до 30.10.2022): Направени се 819 тестови, а регистрирани се 71 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 47, Прилеп – 9, Охрид – 3, Битола и Кичево – по 2, Куманово, Струмица, Штип, Кочани, Гевгелија, Крива Паланка, Богданци и Демир Капија – по 1. Од вкупниот број на позитивни (71), регистрирани се 10 реинфекции. Регистрирани сe 86 оздравени пациенти од: Скопје – 63,

Народно читалиште „Надежда“
Во Прилеп библиотечното дело датира уште од времето на Јордан Хаџи Константинов – Џинот, односно од 1858 година, кога е основано првото градско читалиште, подоцна именувано како Народно читалиште „Надежда“
Градската библиотека во новите простории
Во 1984 година на 11 Октомври, денот на востанието на Макдонскиот народ, Градската библиотека свечено ги пушта во употреба новите простории во блокот „Ц“ на Домот на културата „Марко Цепенков“, каде што условите за проширување на културно-образовната дејност се поголеми.
Современи услови и информатички систем
Секојдневно Библиотеката ја следи издавачката продукција, ја креира набавната политика, набавува монографски и периодични публикации и друг непечатен библиотечен материјал (аудио – визуелни и дигитални записи) и врши меѓубиблиотечна размена на библиотечен материјал, при што секогаш се следат барњата и потребите на корисниците.
Оддел за возрасни и оддел за деца
Одделот за возрасни секоја година има околу 3000 членови, на кои на располагање им се над 100.000 монографски и над 3.000 периодични публикации. Одделот за деца брои околу 2.000 членови годишно на кои на располагање им се над 40.000 книги.
Издавачка дејност
„Дваесетишестмина“ „Роднокрајна библиографија на прилепски автори“ „Хронолошка библиографија на Народниот театар Војдан Чернодримски“ „Прилеп и прилепско на страниците на Нова Македонија“ „Прилепското писмо“ „Шахот во Прилеп“ „Поетско Маркукуле“ „Борко Лазески – био библиографија“ „ Библиосвет“ „Прилепскиот ликовен феномен“ се само некои од многуте наслови во издание на Библиотекта.
Организација на настани
Библиотеката се јавува како организатор на чествувањето на Патрониот празник (2 март), организатор на продажни изложби на книги по повод месецот на книгата, организатор на натпревари за избор на најдобар рецитатор, најдобра лична творба, избор на најредовен читател и сл. Библиотеката секоја година го организира националниот натпревар „Млади библиотекари“ за учениците од основно училиште, и поетската манифестација „Поетско маркукуле“.
Previous
Next